Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Тој вчера не беше пронајден дома при извршен надзор од полицијата, по што судот му одреди мерка притвор и даде наредба за распишување на интерна и меѓународна потерница.
Војминовски е осуден на 13,5 години затвор за обидот за убиство врз пратеникот Села. Нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата.
Покрај Војминовски, за нападот врз пратеникот Зијадин Села осудени се и Кире Ѓорѓиевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.