РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ: Сега официјално 21 загинато лице, 20 идентификувани


Бројот на жртви од синоќешните поројни дождови, особено во скопскиот регион, повторно се зголеми. Од официјално 20-мина, од МВР тукуштш информираат дека тие сега се 21 жртви од невремето.POPLAVI13

21 загинато лице, од кои за 20 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, соопшти Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Во невремето синоќа најмногу беа погодени Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде се најдени жртвите, а пријавени се и големи штети – срушени и поплавени куќи и возила.

Во поплавите повредени се 22 лица, а шест се водат за исчезнати. Засега не се соопштуваат имињата на жртвите, но сите се најдени на подрачјето на селата Сингелиќ, Стајковци, Арачиново и Смилковци.

Овие села беа најпогодени од невремето, поплавени се и разрушени куќи и автомобили, жителите се бе струја.

Поради настанатите свлечишта, кај клучката Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1