Растението кое „јаде животни“ расцвета по 15 години (Видео/Фото)


Егзотичната „билка која јаде овци” за првпат процветала во Кралското друштво за хортикултура во Велика Британија, откако растела цели 15 години.

bilkaБилката „Puya chilensis” веќе 15 години била во овој двор и истата сега е висока 4,5 метри. Таа веќе го формирала својот препознатлив цвет со остри боцки. Секако, популарното име на оваа билка не е во целост точно, но таа во секој случај се храни со месо од животни.

mesozderkaВо своето природно опкружување во Чиле, оваа билка ги користи своите боцки за да ги зароби овците и помалите животни кои што ќе се најдат покрај неа. Откако животното ќе почине од глад и ќе се распадне, истото делува како ѓубриво кое што ја храни билката преку земјата.

Во контролирани услови во Кралското друштво за хортикултура билката била одгледувана на диета од течно ѓубриво, а професорката Кара Смит објаснила:

„Родителите не треба да се плашат за своите деца кои доаѓаат да ја видат билката затоа што таа расте во одреден дел од градината и нејзините смртоносни шилци се надвор од дометот на посетителите”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1