Ратко Младиќ му должи 60.000 евра на Хашкиот суд


Поранешниот командант на Армијата на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ на Судот за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, треба да му плати 60.000 евра на име трошоци за одбраната, тврди белградскиот весник „Данас“.


Reporters_MladicВесникот наведува дека Младиќ уште во јуни 2011 година го известил Трибуналот дека нема средства за да ги плати трошоците за одбраната, но истрагата на Судот утврдила дека тој поседува семејна куќа чија вредност „ја надминува висината на средствата за неговите основни потреби и за потребите на луѓето со кои живее“.
Според Судот, Младиќ и неговата сопруга Босиљка секој месец редовно примаат пензии, а имаат и одредена сума заштеда во банка.
По направената проценка на вредоста на имотот и на редовните месчни примања, Трибуналот констарирал дека Младиќ може и треба сам да ја финансира својата одбрана пред Хашкиот суд.
За таа цел, според „Данас“, Трибуналот бара Малдиќ да плати 60.000 евра за одбраната, додека останата сума од трошоците за оваа намена ќе ги покрие Судот.
Трибуналот го товари Младиќ за геноцид, кршење на законите и обичаите при војузвање и за злосторства против човештвото, извршени за време на Војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Меѓу делата за кои се товари Младиќ е и масакрот над околу 8.000 муслимани во Сребреница во јули 1995 година. Младиќ беше уапсен во Србија во мај 2011 година, а судскиот процес против него пред Хашкиот суд почна една година подоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1