Силен земјотрес во Јапонија


 Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот јапонски остров Хокаидо, соопшти Американскиот геофизички институт.
zemjotresМеѓутоа, како што објавија локалните медиуми, според јапонските сеизмичари, јачината на потресот во епицентарот изнесувала 6,4 степени.
Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети при потресот, а не е издадено ниту предупредување за можна појава на цунами.
Претходно денеска, земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтер беше регистриран и крај Соломонските Острови во Тихиот Океан. Ниту овој потрес не предизвика жртви и материјални штети и не беше прогласена опасност за појава на цунами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1