„Разбуди се“ ќе го тужи ЈСП зашто не вози и на албански јазик


Граѓанското движење Рaзбуди се ќе ги тужи сите институции и нивните правни субјекти кои што не го почитуваат законот за употреба на албанскиот јазик и не користат двојазичност во своите ознаки и натписи.

jspПрво на удар е јавното претпријатие ЈСП „Скопје“, кое, како што велат од здружението, не го употребува албанскиот јазик иако е обврзано да го прави тоа.

Очекуваат реакција на Обвинителството и најавуваат активност за детектирање на сите институции во кои не се користи албанскиот јазик, а со закон е предвидена неговата употреба.

– Граѓанското Движење „Разбуди се“ информира дека во соработка со медиумите и граѓаните, ќе ги детектира сите институции и нивни водачи кои што одбиваат да го употребат албанскиот јазик и покрај фактот што се законски обврзани и ќе подготви тужби против сите тие за да ја осигураме реализацијата на законот – велат од здружението.

Според „Разбуди се“, законот и уставот предвидуваат санкции за институциите и нивните први луѓе доколку не ги исполнуваат законските одредби и затоа очекуваат Обвинителството да преземе мерки.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1