Тинејџер, син на романски тајкун, им порача на 7000 луѓе кои работат во компанијата на неговиот татко дека нема да добијат зголемување на платата затоа што тој сака да си купи ново “бугати”
Осумнаесетгодишниот Виктор Микула, син на романски тајкун е познат по тоа што еднаш на школо дошол со хеликоптер, бидејќи сакал да спие подоглго. Сега, насловните страни ги полни со уште поарогантни изјави.
Кога адвокатите на компанијата на неговиот татко ја добија парницата на суд со романското министерство за финансии, поради која државата на компанијата ќе треба да и` плати 64 милиони фунти, момчето на Фејсбук порача: „Нема да добиете покачување, а јас ќе добијам Бугати“.