Германски тинејџери, момче и девојка, биле испратени на превоспитување во росоманското село Kрушевица, а за нивниот престој пред две години, е снимена ТВ-емисија која и денес се врти на интернет. Тие, како што се вели во прилогот кој се врти на „Јутјуб“, биле испратени на превоспитување на дивиот Балкан. Момчето пред да биде испратено на превоспитување запалило компјутер во училиштето и учествувало во кражби, а девојката била зависник од дроги и од алкохол. Двајцата имале по 15 години.
– Родителите пријавуваат непослушни и разгалени деца, кои пушат или се дрогираат, на пример, па ги испраќаат по сиромашни земји во зафрлени села во кои напорно се работи и тешко се живее. Од луксуз во сиромашен живот. Децата мислат дека одат на луксузен одмор, а вистината ја дознаваат дури кога стигнуваат во семејствата во кои треба да престојуваат.
На почетокот од прилогот на „Јутјуб“ може да се видат тинејџери, момчето со пиштол, а таа со алкохол и цигара в рака и во караници со своите мајки. Но веќе во следните сцени тој цепи дрва или помага околу стоката во Kрушевица, а девојката ја нурка главата во реката, револтирана од мачниот живот во селото, каде што потоа двајцата со лопати товарат арско ѓубре во тракторска приколка.
Тинејџерите редовно добивале казни за направените грешки со цел воспитно да се влијае на нивното однесување. Тешки работи или наместо во бањата, на бањање во реката. На домаќините им било малку полесно со момчето оти тоа малку полесно се приспособило на новата ситуација.
Иако германските тинејџери не дошле во Македонија со посредство на младинскиот центар „Kреатив“ од Kавадарци, од центарот потврдуваат за „Дневник“ дека меѓу другото, веќе неколку години работат на вакви проекти за млади со проблематично тинејџерство.
Целата сторија на Дневник