Размислувате да купите пиштол? (Видео)


„Прв пат купуваш пиштол? Ние сме тука за да ти помогнеме“.

Едно здружение на активисти против огненото оружје отвори лажна продавница за оружје во Ист Сајд, Њујорк. Потенцијалните купувачи, како Вас, беа лесно привлечени од горенаведениот натпис.

pistol pariКако и во секоја друга продавница, муштеријата влегува, а продавачот започнува да му ги презентира особините и можностите на избраното оружје. Но, за кратко време, неговата приказна скршнува во неочекуван правец – кон бруталното минато на конкретниот пиштол. Да, секое од изложените оружја веќе има своја приказна (читај: веќе е употребено) и тоа таква за која здравиот ум избегнува да размислува.

На пример, кога еден од купувачите праша за еден од моделите, презентацијата се одвиваше вака:

„Овој револвер, навистина е најлесниот за користење што го имаме. Исто така е и најпопуларен. Калибар .22, шест-инчен револвер. Исто така, е и пиштол што 5-годишно дете го најде во спалната на родителите, се симна по скалите и го застрела своето 9-месечно братче со него“.

Друг муштерија сакаше да купи полу-автоматско оруже. „Продавачот“ продолжи во негов стил:

„Колекционерите ја обожаваат оваа пушка. И мајката на Адам Ланза имаше ваква во својата колекција… Се додека тој не ја зема заедно со уште неколку други оружја, и не ја уби, по што замина во гимназијата Сенди Хук и застрела уште 6 наставници и 20 невини деца. 20 мали деца, отидоа, туку-така“.

Можете да претпоставите што се случува следно. Муштериите, од кои најголем дел бараат да купат оружје „онака, заради заштита“, остануваат вџашени од новата перспектива на нештата и потенцијалните последици од таквата нивна постапка.

„Имаме право на оружје, но мислењето дефинитивно ми се промени. Поседувањето на пиштол веќе не прави да се чувствувам безбедно“, вели една од жртвите на несолената шега.

Наспроти ова, Американската асоцијација за оружје обвинува дека ваквите настани се само начин на искривено претставување на реалноста. Според нив, со порастот на поседување на оружје, криминалот во САД паднал на најниска стапка во последните 43 години, а бројот на несреќи при ракување со оружје е најмал во последните 100-тина години.

Вака или онака, потегов со лажната продавница сигурно спаси барем еден живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1