Разоткриена факултетската завера! (Видео)


Заверата на факултетите е нејопсежниот документарец кој некогаш е произведен во високото образование во САД. Филмот ги прикажува фактите и вистината за американскиот систем на факултетското образование. 

studentski-dug-kreditiПроизведен е во текот на шестмесечниот период од страна NIA (Националната Инфлаторна Агенција) од страна на тим на стручни австриски економисти, со помош на илјадници NIA членови, кои придонеле со своите идеи и лични приказни за овој документарен филм. NIA верува дека американскиот образовен систем е измама која ги претвара ранливите млади Американци во должнички робови за цел живот.

NIA ја прати инфлацијата во сите американски индустрии и не постои индустрија, која видела повеќе доследни инфлации на цената, во последните десет години од таа на факултетите.

По експлодирањето на некредитскиот балон, студентските кредити се сега најлесни кредити за добивање на САД и токму сега долгот на вкупните студентски кредити ги надминува долговите на кредитните картички.

Владата дава лесни студентски кредити за секого, без оглед на оценките, кредитната историја, без разлика на насоката на студирање и кои се нивните шанси за добивање на работа. NIA верува дека тоа е нелегално и дека владата на САД е во соработка со студентските кредити, нешто што американскиот Устав го забранува.

magic_money_iff
Исто како што американската влада ги создаде Фани Меј и Фреди Мек и откако го направи стамбеното прашање попристапно, веднаш ги напумпа цените на становите во секое ниво. Владата на САД обидувајќи се да ги направи факултетите да бидат попристапни, го направи токму спротивното. Ги подигна цените на школување на астрономско ниво, и не обезбеди враќање на инвестицијата, вложена во образованието.
САД доживеа 5,15% годишна инфлација на цените на факултетите во ова десетлетие. Сепак 70,1% од дипломираните студенти во моментов се запишуваат на колеџ, со што се рушат сите рекорди на бројки на студенти. Две третини од студентите сега дипломираат со просек од 24,000 долари во кредитен долг.

Нема ништо особено во добивањето на диплома, ако веќе секој втор ја има истата, а за тоа сигурно не е вредно да се задолжиш со 24,000 долари, за само да се закамуфлираш во толпата.
Претседателот на NIK е пријател со стотици извршни директори на средни корпорации кои му зборуваат дека некој кој го прескокнал факултетот има повеќе шанси да се вработи меѓу стотината канидадати кои се пријавиле за секое работно место за работа.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1