Прва геј победа во Србија


Апелациониот суд во Нови Сад ја донесе првата правосудна пресуда во Србија поради сексуална дискриминација на работно место.

gay2Во соопштението се наведува дека судот го утврдил дискриминаторското однесување и тешкиот облик на дискриминација против М.А. (25), од страна на неговиот колега Дарио К. (26) од Влајковац, кое траело повеќе месеци.

Со правосилната пресуда на Апелациониот суд на Дарио К. му е наложено да му исплати 180,000 динари на оштетениот М.А. за претрпени душевни болки поради повреда на човековите права, углед и чест, како и на Правната служба, која што го застапувала обвинетиот, да ги надокнади судските трошоци во износ од 99,000 динари.

Во образложението на пресудата меѓу останатото стои дека зборовите „педер“ и „педерчина“ се изрази кои имаат значење на „негативно, омаловажување, обезвредување и навредливо означување на машките лица со истополова сексуална ориентација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1