Реакција на европски лидери по нападите во Брисел


Тероризмот го погоди срцето на Европа. Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски. Да останеме силни, храбри и верни на нашите вредности, наведе еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот налог на Твитер.han

Холандскиот премиер Марк Руте оцени дека Белгија „повторно е цел на кукавични и смртоносни напади“. Руте свика состанок на владиниот Кризен штаб, предупредувајќи дека е неопходна дополнителна внимателност во Холандија.

– Нашите срца се со жртвите и нивните семејства. Холандија е подготвена да им помогне и да ги поддржи нашите јужни соседи на секој можен начи, нагласи Руте.

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди овие, како што наведе, варварски напади.

– Борбата против тоа зло бара најактивна меѓународна соработка, нагласи Путин.

Британскиот премиер Дејвид Камерон свика денеска итна седица на кабинетот и порача дека државата „ќе направи се што може за да помогне“.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави дека е шокиран од терориситчките напади во Брисел и побара отворање специјална линија за австриските граѓани, кои се во посета на Брисел.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека на терористичките напади во Брисел треба да се одговори со солидарност и решителност, јави ДПА.

– Нападите во Брисел треба да не сплотат, солидарност со жртвите и одлучност кон терористите, напиша на Твитер портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.

Германската полиција ги засили мерките за безбедност по границата со Белгија по терористичките напади во Брисел. Според полициски претставник засилено е и обезбедувањето на аеродромите и железничките станици.

Во врска со денешните напади во Брисел францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „цела Европа е нападната“.

– Со нападите во Брисел погодена е цела Европа, наведе Оланд во соопштение. Тој ја повика цела Европа да преземе итни мерки за да се соочи со сериозни ризици.
– Тероризмот е осуден на неуспех, се наведува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи по денешните терористички напади во Брисел.

Во него се осудуваат „варварските напади“ и се изразуваат длабоки сочувства до семејствата на жртвите.

„Сите ние сме Бриселци“, напиша на француски јазик на Твитер грчкото МНР.

– Жалиме за жртвите, се ангажираме демократијата да го победи стравот. Ние сите сме Бриселци, наведува грчката дипломатија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу исто така ги осуди денешните напади во белгискиот главен град и побара соработка во борбата против тероризмот.

– Овие напади веднаш го покажаа лицето на глобалниот тероризам, нагласи Давутоглу во Парламентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1