Кинески брод кој учествува во потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ во јужниот дел на Индискиот океан регистрираше сигнал каков што емитува „црната кутија“, јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа.
Сигналот е на 37,5 килохерци, што е фреквенцијата на снимачите на податоци на црната кутија на малезискиот авион, потврдил претседателот на производителот на кутијата.
И покрај тоа, сите информации предупредуваат дека и ова би можело да излезе уште една лажна надеж бидејќи многу инструменти емитуваат сигнал сличен како тој на црната кутија.
Кинескиот брод го открил сигналот на 25 степени јужна ширина и на 101 степен источна географска ширина, вели Ксинхуа. „Допрва треба да се утврди дали ова е поврзано со исчезнатиот авион“