Реконструиран ликот на владетелка почината пред 1700 години (ВИДЕО)


Научници од Перу успеале да го реконструираат ликот на женска мумија со помош на 3Д печатар.

Станува збор за мумија позната под името „Дамата од Као“, која починала пред 1700 години.

Нејзините сочувани посмртни остатоци се пронајдени во 2006 година во разурната пирамида во близина на Трухиљо.

„Дамата“ била погребана со круна на главата и златни и бакарни предмети, па се претпоставува дека била локална владетелка или свештеничка.

Аутопсијата покажала дека таа била на возраст од над 20 години кога починала, најверојатно за време на породувањето или поради компликации во бременоста.

Нејзините нозе и лице се тетовирани со магични симболи на змија и пајак.

Ова откритие го побива верувањето дека во древниот Перу само мажите имале високи функции.

– Ние имаме привилегија да ја објавиме оваа чудна комбинација на иднината и минатото. Технолијата ни овозможи да го видиме лицето на политички или верски лидер – изјави перуанскиот министер за култура, Салвадор дел Солар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1