Роденденот се претворил во „пекол“: Закани по живот во скопско Радишани


Лицето Т.Т. од скопската населба Радишани ноќеска во 2 часот пријавила во ЕИК-Скопје дека синоќа околу 22:15 часот додека прославувале роденденска забава на нивното дете во дворот од семејната куќа во Радишани, дошле поголема група малолетнци кои почнале недолично да се однесуваат, да пцујат, да се закануваат по нејзиниот и животот на нејзиниот сопруг и да се закануваат дека ќе ја запалат куќата.

Во еден момент неколку од малолетните лица се приближиле до нивното патничко моторно возило „пежо 206“ и почнале да го удираат со раце и нозе при што го оштетиле.

Трите малолетни лица цело време додека го кршеле нивното возило се заканувале дека ќе ги убијат и ќе им ја запалат куќата. Поради нивното агресивно однесување, оштетените заедно со присутните на роденденската прослава се повлекле во внатрешноста на дворот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1