Заев за ТВ1: Ја унапредуваме соработката меѓу Македонија и БиХ ВИДЕО


Зоран Заев и претседеавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ гостуваа во Дневникот на ТВ1. 

 

Заев: Задоволство е што сум овде бидејќи за нас Македонија, Сараево е бајка. Македонија и Босна Херцеговина немаат отворени прашања. Не сме имале ниту во минатото, ниту пак сега. Тоа се одлични перспективи за добра соработка. Многу сме слични како земји. Две мултиетнички земји во овој специфичен Балкан кои што го негуваат мултикултурализмот, мултирелигизмот и мултиетничноста генерално која што претставува склоп на различности кои воедно се и европски вредности. Со сериозни аспирации заедно за Европската Унија и НАТО верувам дека можеме многу да си помогнеме, но истовремено можеме и многу да ја унапредиме соработка во секој аспект од секојдневниот живот на нашите граѓани.

Звиздиќ: Како што кажа и мојот драг и уважен колега премиер и пријател, регионалните односи и односите меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, но и севкупните односи во регионот на Западен Балкан се наоѓаат на една нагорна линија. Можеби за тоа најдобро говори тоа што денеска имаме посета на Босна и Херцеговина и Сараево од страна на премиерот Заев и премиерот Пленковиќ. Утре е заедничката седница на владите на Босна и Херцеговина и Хрватска и повторно очекуваме дека премиерот Заев официјално и службено ќе ја посети Босна и Херцеговина. Што значи, сметаме дека одржувањето на заеднички регионални состаноци со теми за креирање заеднички проекти посебно во делот на унапредување на економската соработка е од исклучително значење на Западен Балкан но е од уште поголема важност да покажеме пред Европската Унија дека станува збор за регион кој има големи по отворено потенцијали. Она што за нас е најважно е дека сите земји од регионот имаат идентични надворешно-политички цели, а тоа се европските интеграции и интеграции во НАТО. Ми се чини дека овие заеднички цели претставуваат најмал заеднички содржител во целокупните интереси. Помеѓу нашите две држави не постои било какво отворено прашање со констатација дека сосема сигурно можеме да ги унапредиме веќе постоечките економски односи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1