Ременски ќе го тужи Спасов – Спасов ја обвинува за сензационализам


Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, ќе поднесе кривична пријава против заменикот, Диме Спасов, за несовесно работење, тој пак, ја обвини министерката за сензационализам .

Според неа, Спасов иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на над 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.frosina-remenski

„Правото по закон да одлучува по жалби тој го пренел на лице на пробна работа во Министерството за труд и социјална политика што воопшто по закон нема право да учествува во решавање на предмети во управна постапка“, вели Ременски.

Тужба ќе добие и поранешната пратеничка Сузана Анова, на која, како службеничка на пробна работа во министерството и било доверено да одлучува по жалбите.

„За време на мандатот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, сите предмети кои биле доставени се навремено потпишани и проследени во најбрз можен рок.dime spasov

Техничкиот министер нема да може да ја избегне одговорноста зошто врши незапаметени притисоци врз вработените во министерството и центрите за социјална работа, нема да ја избегне одговорноста кога членови на нејзината партија лажно ги претставуваше за вработени во министерството што исто така претставува прекршување на Законите. Овие обиди за сензационализми, нема да и помогнат да се соочи со своите престапи“, се вели во писмената реакција од Кабинетот на заменик- министерот Спасов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1