Првите студенти кои се вселија во реновираното крило Б на студентскиот дом „Гоце Делчев“ побрзаа да се пофалат на социјалните мрежи.
Новото лице на „Гоце Делчев“ го фалат и oние кои некогаш поминале дел од својот студентски живот во домот кој после неколку децении во речиси потполн заборав, дојде на дневен ред и едно негово крило е комплетно реновирано.
Според информациите од Министерството за образование, „на брза лента“ е ставена процедурата за започнување на реновирањето и на останатите три блока, кое е предвидено да заврши во 2017 година.