Убиство или самоубиство: Кашмир и Ѓулџан оставија 4 деца – момчето било наркозависник


Кашимир Исовски (33) и неговата партнерка Ѓулџан Исовска (27) се лицата чии тела со денови биле во мотелот „Пржо“ во Битола. Според одредени македонски медиуми станува збор за убиство и самоубиство, но полицијата се уште не ги открива деталите за причините на нивната смрт.motel przo bitola

Како што соопшти денеска МВР, двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.

Според соседите двајцата живееле во истото маало и одамна биле заедно. Имале велат четири деца, две машки и две женски. Најстарото девојче е на возраст од 10 години. Кашмир почнал со дрога па жената го оставила. Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој и 27 годишната И.Ѓ. биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.

Ѓулчен неодамна се вратила од Германија ,живеела со мајката но повторно почнала да се состанув со Кашмир.

На 24 октомври изнајмиле соба во мотелот – по 10 дена откако никој не излегол од собата, вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1