Украинскиот блогер Максим Волох кој ликуваше и се подбиваше со жртвите на урнатиот руски авион А321 над Синајскиот полуостров, е убиен во неговиот стан во Киев, соопштии uralpolit.ru.
Според првични информации непознатите сторители ја искршиле вратата, влегле во домот на Волох и повеќе пати го проболе со нож, по што тој починал на самото место . Официјално украинските истражители не ја коментираат случката.![]()
Потсетуваме дека овие денови на социјалните мрежи се појави видео во кое Волох отворено изразува радоста од трагедијата со невините патници на Ербас А321.
Во 20-минутниот клип блогерот со изобилство од непристојни изрази изразува радоста по повод трагичната катастрофа, во која загинаа 224 лица.









