Загрижен „Свиркач“ од фактот дека јавноста не ја добила вистинската слика од интервјуто со Катица Јанева, го достави севкупниот снимен материјал до Република, за да може јавноста вистински да се увери во непрофесионалноста на Аргирова, ексклузивно објави порталот.
-Целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции до нашата редакција го достави анонимен извор со цел да се прикаже во вистинско светло непрофесионализмот на МТВ и нејзиниот главен уредник на информативната редакција. Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка Катица Јанева има потешкотии дури и да ги прочита. За резилот на обвинителката да биде помал, нејзините одговори се буквално искасапени и во најголем дел покриени со инсерти. При тоа од 18,15 минути снимен материјал, на екраните беше прикажан околу 10 минути. Не може а да не се забележи дека обвинителката не може да каже дури ни „добра вечер“ без да згреши и да погледне во подготвениот текст, објави Република.
Катица Јанева требаше да го брани обвинението за „Пуч“, а не знаеше ниту да ги каже на памет кои дела им се ставаат на товар на обвинетите. Останува нејасно што ли читала и подготвувала Јанева цела година откако го презеде предметот, а згора над тоа дури и го критикуваше судот за одлагањето.
Сепак, и покрај обидите се да мине во најдобар ред, снимениот материјал ја покажуваат неподготвеноста на Јанева барем да ги научи одговорите кои, ако се споредат нејзините обиди за одговарање и тоа што го чита, воопшто и не се напишани од неа. Интервјуто онака како што е презентирано всушност е класично засрамување на Јанева и на СЈО пред севкупната јавност, особено со зафатите на Аргирова најголемиот дел од интервјуто гостинот отпосле да биде „покриен“ со инсерти, во функција на козметички зафат за прикривање на читањето одговори и сечењето на искажаните неповрзаности на Јанева. Катастрофално и непрофесионално, сечено и монтирано за да не се види неукоста и дилетантизмот на Катица Јанева се дел од коментарите како на медиумските работници, така и на обичните гледачи, пишува Република
Kurir.mk