Републиканската партија поднесе две тужби за да го принуди Стејт департментот да објави документи поврзани со мандатот на Хилари Клинтон на чело на дипломатијата.
Републиканскиот национален комитет, управно тело на Републиканската партија, соопшти дека Стејт департментот, „го поткопал легитимното право на јавноста и медиумите за пристап на документите“, според законот за достапност на информации.
Тие документи претходно се барани од Стејт департментот, но американската Влада одби да ги објави.
Стејт департментот е соочен со десетина тужби во кои се бараат мејловите на Хилари Клинтон и нејзините соработници кои за официјална преписка користеле сервери за електронска пошта надвор од државниот систем.