Ресен завиен во црно: Мајката била наставничка, со ќерките се враќала од лекар


Мајката и ќерката кои пред два дена загинаа пред Ресен, се враќале од лекар во Битола, пишува Утрински весник. Трагедијата која зеде два животи го потресе ресенското село Подмочани. Жителите за весникот велат дека не паметат кога последен пат во ист ден биле закопани мајка и ќерка. 

SOOBRAKJAJKAЖената, која била учителка во училиштето во Јанковец според жителите на нејзиното село важела за одличен возач со 20 годишно искуство. Неколку дена пред да загине им раскажувала на соседите дека за малку избегнала катастрофален судир.

Сузана седела на возачкото место и починала веднаш, додека 7 годишната ќерка Емануела, на повредите им подлегнала во болница, откако лекарите и по 40 минути не успеале да ја реанимираат.

Втората ќерка 16 годишна, според последните информации се опоравува и нејзиниот живот веќе не е во опасност. Семејството Калунѓиевски има уште еден син студент.

Како се случила сообраќајката и чија била вината ќе утврди истрагата.
Селаните велат дека погребот е предвиден за во петок, бидејќи се чека братот на Сузана да се врати од Австралија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1