Решена дилемата – Во грчки Амфиполис не бил закопан Александар Македонски, еве што нашле


Грчкиот министер за култура Костас Тасулас ја исклучи можноста гробницата откриена во Амфиполис во северна Грција, да е на Александар Велики.grobnica

Иако Катерина Перистери, која раководи со археолошките ископувања, рече дека гробницата била изградена кон крајот на 4 век п.н.е., што се совпаѓа со крајот на владеењето на македонскиот крал, според Тасулас „невозможно“ е во неа да се погребани останките на Александар Велики.

– Луѓето не треба да очекуваат ископувањата да ги откријат останките на Александар, рече Тасулас за телевизијата „Мега“.

Археолозите го продолжуваат истражувањето на четирите комори на гробницата.

Дел од стручњаците претпоставуваат дека можеби гробот е на Олимпија, мајката на Александар бидејќи на влезот од гробницата се најдени свинги кои на времето имале женски гради, меѓуто биле руинирани. Исти свинги имало и во гробницата во која наводно била закопана една од бабите на Александар.Во античката гробница се откриени женски фигури. Грчките медиуми пренесуваат дека со сигурност оваа гробница е на некој член на кралско семејство. 123-1728x800_c

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1