Конечно е откриена причината на непознатата болест која ги заспиваше жителите на казахстанското село Калачи. Тие спиеја со денови, стануваа агресивни и имаа исклучително зголемен сексуален нагон.
Цели три години жителите на “Заспаното село” страдаа од халуцинации, могрена, губење на помнењето, неспособност да го контролираат бабулето и неконтролирана сексуална желба поради која мажите со месеци имаа ерекција.
Британската новинарка која отпатува во Калачи изјави дека во селото владеел општ хаос.
-Децата на лицата на своите мајки гледаа два пара очи, еден инаку љубезен пензионер ги нарече медицинските сестри проститутки, 60-годишен господин си вообрази дека е петел, а еден од пациентите ќе станеше од креветот и со нацистички поздрав со подигната рака викаше; “Хајл Хитлер!”, тврди таа.
За среќа неодамна е откриено дека причината за овие необјасниви појави најверојатно се крие во блискиот рудник за ураниум од времето на Советскиот сојуз. Имено, заклучено е дека оттаму излегува голема количина јаглен-моноксид, кој предизвикува труење на мештаните.
-По бројните медицински тестови, нашите научници заклучика дека станува збор за труење со јаглен-моноксид, а испитувањата кои независно ги спроведоа стручњаци од Прага и Москва покажаа дека количината на јаглен-моноксид во воздухот била десет пати поголема од оптималното ниво, изјави потпретседателот на Казахстан Бердибек Сапарбајев за бротански “Дејли мејл”.
Штетните гасови се појавиле кога рудникот се исполнил со подземни води, а високото ниво на јаглен-моноксид предизвикал пад на нивото на кислород во селото. Мештаните затоа ќе бидат преселени на друга локација.
-При распаѓањето на ураниумот доаѓа до појава на радон и други инертни гасови кои водата ги потиснува на површината и кои низ пукнатините избиваат надвор. Токму тие гасови се причината за необичното однесување на жителите на Калачи, објаснува рускиот научник Леонид Рикванов.