Ресторан и црква со конаци ќе се градат на Милениумскиот крст


До крајот на февруари наредната година Милениумскиот крст треба да биде комплетно завршен. Од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со објектот, велат дека е завршено бојосувањето на железната конструкција.

MILENIUMSKI KRST

Освен тоа, проектот предвидува и партерно уредување на околината.

Директорот Николов вели дека очекува активностите да бидат завршени во предвидениот рок, во февруари, но тоа зависни и од временските услови.

Во приземјето на објектот, според најавите, досега требаше да биде отворен ресторанот, со кој ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, но поради тоа што водата не е спроведена, тој се уште не профункционира. Во рамките на крстот е планирано да се изгради и црква со конаци, но засега нема најави дека ќе се реализира и овој дел од проектот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1