Рецепт на Новак и Јелена Ѓоковиќ: Еве со што го хранат својот син


Јелена води здрав начин на живот, а на тоа го учи и Стефан од мали нозе. Убавата Јелена одлучила да сподели еден рецепт со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со објаснување како таа ја доживува здравата исхрана.

Novak-with-children-508x337

-Знам дека секогаш ме прашувате за рецепти. Сакам да знате дека јас официјално не сум нутриционист (иако посетувам online курс за исхрана, но само за лични потреби). Мојот избор се сведувам на она што самата верувам, па по тој принцип припремам храна и за моето момче. Тој нема никакви алергии, ниту здравствени проблеми, што ми го олеснува спремањето. Одлучив да посетувам курс, бидејќи сакам пред одлуките да се информирам и исклучиво правам работи во кои сум вложила време и енергија за да ги научам. Имам мал проблем со добербата. Кога некој ќе ми каже: „Ова е здраво, пробај, добро е за тебе“, јас секогаш, секогаш прво сама истражувам, размислувам како се вклопува во мојот животен стил, навики, потреби… и потоа носам одлука. (Дали споменав дека ме нарекуваа „бубалица“ во училиште?). Ова е оброк кој Стефан обожава да го јаде. Би им го препорачала на сите мајки, но не сметам дека е наменето само за деца, сите можат да го пробаат. Многу е вкусно и богато со хранливи состојки.gjokovikjelenaa

Рецепт: Индиски ореви, урми, јагода, банана.

Тој исто така обожава микс од манго, спирулина и јаткасто овошје. Авокадо и банана се добитната комбинација. Лага е дека само одредена храна има убав вкус. Јас навистина уживам во здравата храна. Знам дека изгледам слаба и многумина мислат дека не јадам многу (иако секогаш нешто грицкам), но имам брз метаболизам, брзо ја варам храната и се што ќе изедам оди во мојот крвоток.

Јадам многу сирови намирници, доста блендирани и цедени сокови… И јадам навистина многу, само не се гледа, напишала Јелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1