Монструмот кој ја уби Тијана ужива во најмодерен затвор


Драган Ѓуриќ, убиецот на Тијана Јуруќ кој е осуден на 40 години затворска казна во строга тајност е префрлен од Окружниот затвор во Суботица во Казнено – поправниот завод во Белград, новиот затвор во Падинска Скела. Тој е сместен во самица и е целосно одвоен од останатите затвореници.zatvor dragan-djuric500

-Ѓуриќ има право на секојдневна прошетка низ затворскиот комплекс, но сам. Впрочем, тој има право на прошетка во дворот во вечерните часови кога нема никој друг. Не постои ни најмала можност тој да дојде во контакт со другите затвореници и тоа бидејќи е познато како поминуваат оние затвореници кои се осудени за кривично дело силување. Особено кога станува збор за трагичната смрт на Тијана која ја крена цела Србија на нозе, додал изворот.

КПЗ Белград е најмодерниот и најбезбедниот затвор во Србија кој пак е опремен со специјален систем на техничка заштита.

Потсетуваме, Високиот суд во Суботица го осуди Драган Ѓуриќ на казна затвор во времетраење од 40 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1