Рецепт за домашен путер од кикирики


Дали сте знаеле дека кикириките се едни од најпознатите хранливи продукти. Тие содржат од 50% масла и 25% протеини. Во кикириките има повеќе протеин отколку во повеќето видови на месо.

puter-od-kikirikiНа пример, кикириките содржат поголем број на минерали и витамини одошто во говедско црниот дроб, па затоа тие се омилена храна на вегетаријанците и фото моделите. Поради високата содржина на прехранбени влакна, тие даваат чувство на исполнетост. Го снабдувааат човечкото тело со масни киселини, кои пак ја подобруваат меморија. Тие се идеален извор на енергија, особено се корисни за луѓето кои избегнуваат холестеролот, бидејќи кикириките, како растителен продукт, НЕ СОДРЖАТ ХОЛЕСТЕРОЛ.

Токму затоа, ви предлагам еден мноооогу едноставен рецепт за домашен путер од кикирики, барем ќе знаете што јадете.

СОСТОЈКИ

  • 200 г кикирики (непечени или печени, лупени и несолени)
  • 3 лажици мед
  • 4-6 лажици масло (сончогледово или маслиново, на најдобро е масло од кикирики)
  • малку сол
  1. Ако кикириките се непечени, тогаш тие се печат, се оставаат да се оладат и им се отстранува лушпата (ова е најмачниот и најдолгиот дел).
  2. ПОДГОТОВКА
  3. 1.Ако кикириките се непечени, тогаш тие се печат, се оставаат да се оладат и им се отстранува лушпата (ова е најмачниот и најдолгиот дел).
  4. 2.Излупените кикирики и солта се ставаат во блендер и се блендираат. 3.Потоа се додава маслото и медот и се продолжува да се блендираат додека се добие убаво хомогенизирана и мазна смеса.
  5. 4.Ако се добие густа смеса која тешко се блендира тогаш слободно додадете уште 1 или 2 лажици масло. Се чува во затворен сад, на темно место.
  6. Повеќе фотографии од подготовката на слениот линк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1