Револуционерно: Ја свртел СИДА-та да се бори сама против себе


Дејвид Харич, научник од Австралија, изјави дека открил како вирусот ХИВ да се бори сам против себе и со тоа би ја спречил појавата на СИДА-та. Своето откритие Австралијанецот го опишал како револуционерно во пронаоѓањето на лек за оваа опасна болест.

Profesor HericДејвид Харич од Институтот за медицински истражувања во Квинсленд, соопшти дека успешно го модифицирал протеинот во HIV-от кој го размножува вирусот. Наместо тоа, овој процес сега го спречува неговиот раст.

– Никогаш не сум видел вакво нешто. Модифицирањето на протеинот успева секој пат. Ако ова истражување продолжи, можеме да се надеваме на лек против СИДА, вели Харич.

Тој додаде дека изменетиот протеин, кој е наречен Nullbasic покажа извонредна способност да го спречи ширењето на ХИВ вирусот во лабораториски услови и би можел да има неверојатни импликации за превенција од СИДА и лечење на ХИВ-инфицирани пациенти.

– Вирусот може да зарази една клетка, но благодарение на овој метод тој не се шири. Вие би биле заразени со ХИВ, но поради лекот овој вирус не би можел да се претвори во СИДА, вели астралискиот научник.

Kako funkcionise terapija

Фактот дека само еден протеин би можело да биде толку ефективен, ќе им овозможи на пациентите да се намали бројот на лекови што ги консумираат, ќе им овозможи подобар квалитет на живот и намалување на трошоците за лечење.

Експерименталните третмани на животните треба да започнат оваа година, а истите третмани ќе започнат да се применуваат на луѓе за неколку години.

Според податоците на ОН, бројот на заразени од ХИВ во 2011-та година бил 34 милиони луѓе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1