Научниците од Универзитетот во Шефилд успеаа да развијат контактни леќи, надоградени со матични клетки, кои можат да предизвикаат природно подобрување на видот.
Биоразградливиот имплант наполнет со матични клетки, кои потоа се размножуваат во окото му овозможува на телото да го излечи целосно видот по природен пат.
Матичните клетки можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка од телото и на тој начин да бидат способни да го поправат секој дел од телото што е поврзан со мозокот и срцето.
Технологијата е дизајнирана за лекување на оштетувањата на рожницата, транспарентен слој на предниот дел од окото, која е глава причина за слепилото во светот.
Користејќи серија на комплексни техники, истражувачите создале мини диск со биоразградлив материјал, кој што може да се фиксира на самата мрежница.