Резулатите од ДНК-анализата кои што им биле доставени на родителите на Дениса Маркоска потврдиле дека се идентични со оние кои беа земени од телото на девојката која што беше пронајдена во водите на Егејското море, објави Канал 5 пренесувајќи изјава на грчките истражни органи. Младата Дениса за последен пат била видена на 13. минатиот месец бродот „Серенисима“. Бродот, на кој што таа била вработена пловел кон Крит, но од 13. септември никој не ја видел, ниту слушнал. Канал 5 пишува дека родителите ќе бараат нова обдукција на нејзиното тело.
Досегашната истрага не ја соопшти причината за смрта на Дениса, но беше наведено дека на нејзиното тело немало траги на насилство.