Ризикот од срцев удар е најголем во 6.30 часот


Американски истражувачи утврдија дека луѓето најчесто доживуваат срцев удар во 6.30 часот.

До овој резултат дошле со заклучокот дека токму во овој период од денот во крвта има највисоко ниво на протеини кои го забавуваат разградувањето на згрутчената крв.

srce infarktНаучници од болницата Brugham во Бостон и Орегон ги интересирало зошто најголем број срцеви удари се случуваат во утринските часови, па со здружени сили ја барале причината.

Го проучувале нивото на протеини кај 12 здрави и возрасни доброволци две недели и по потреба им го нарушувале природниот циклус на будење и активности. Целта било да утврдат дали природниот часовник или промената на активностите имаат влијание на нивото на протеини, пренесува Daily Mail.

Посебно ги проучувале промените во нивото на протеиниот плазминоген-1 кој го забавува метаболизмот на крвното згрутчување, а токму тој е главниот виновник за срцеви и мозочни удари.

На крајот заклучиле дека протеините се однесуваат според строг ритам и затоа срцевите удари се најчести околу 6.30 часот.

filipvtori-final-baner1
baner za web STRUMICA BITOLA

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1