Робин Худ: Украл златна маскота – за да ја врати бара компанијата да донира во детска болница


Непознатиот крадец го украл заштитниот знак на компанијата „ Bahlsen-Keks “ од Хановер – златна бисквита тешка 20 килограми, кој бил дел од скулптурите на фасадата на фабриката. Крадецот испратил анонимно писмо во кое бара донација од 52 пакувања бисквити за онколошкото одделение на детската.

kradec1„Кај мене е вашата бисквита, а вие ја сакате назад и затоа еден ден во февруари на децата во болницата Булт ќе им подарите бисквити. Но само оние со млечно чоколадо, не со црно и не оние без чоколадо. Исто така ќе подарите 1000 евра за азил на напуштените животни во Лангхаген. Се надевам дека ги сакате бисквитите, како мене и дека поради тоа ќе бидете великодушни“, напишал крадецот со меко срце во анонимното писмо.

Тој се потпишал како „ Cookie Monster“, а како доказ дека златната бисквита се наоѓа кај него, доставил фотографија на која е облечен како сино чудовиште кое ја краде бисквитата.

Компанијата набрзо одговорила преку својата официјална Facebook страна:

„Драго чудовиште, нашата компанија веќе со децении е вклучена во хуманитарни акции, како што веќе сигурно знаеш. На своите фанови има ветуваме 52 илјади пакувања бисквити за 52 социјални институции, ако ни ја вратиш златната бисквита“.

Извор – Хајд Парк

kradec1

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1