За една недела нови 1.700 заболени од грип


Нови 1.700 заболени од грип регистрирани се во текот на изминатата недела, во најголем дел од подтипот Х1Н1, информираат од Министерството за здравство.

A medical assistant holds up a H1N1 flu vaccine at a hospital in BelgradeСпоред Министерството, тоа е за два пати поголема бројка заболени лица од неделата пред тоа, а поголема е и од бројот на регистрирани заболени во овој период минатата година.

Од вкупниот број, најголем број заболени има во Скопје, близу 700 лица, Тетово со 600 случаи, а следат Струмица и Куманово.

Во однос на старосната граница, најголемиот број од заболените, околу 60 отсто, се од 15 до 64 години. Најмногу заболуваат децата под четири години, односно 24 на 100.000 деца од оваа возраст.

Од Министерството сугерираат почитување на препораките за заштита од ширење на грипот.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1