Родено дете зачнато со сперма од починат маж (Видео)


Пред три недели во Израел се родило бебето наречено Р, кое што никогаш нема да го запознае својот татко затоа што тој починал уште пред шест години како последица од ракот.

Doctor Katarzyna Koziol injects sperm directly into an egg during IVF procedure called Intracytoplasmic Sperm Injection at Novum clinic in WarsawНиту мајката на бебето никогаш не го сретнала тој човек, а таа е првата жена во Израел која подлегнала на вештачко оплодување со сперма од мртов човек. Родителите на починатиот ја одбрале неа таа да биде мајка на нивниот внук. Откако дознал дека боледува од страшната болест, синот инсистирал да зачува примерок од својата сперма пред хемотерапијата, во случај да остане стерилен. Но, терапијата не дала резултати и тој починал на своја триесетгодишна возраст. Неговите родители сметале дека ќе можат да го одржат жив духот на својот син доколку им се родат внуци и започнале со потрага по жена која би се согласила да биде мајка.

Потрагата ги довела до жената чиј идентитет не е откриен, па таа е позната како А. Станува збор за жена во триесеттите години од својот живот, неомажена, но која сонувала да стане мајка. Пред четири години родителите и оваа жена стапиле во контакт со адвокат кој им помогнал во решавањето на препреката поради немањето на документ со кој починатиот одобрувал и изразувал желба неговата сперма да се искористи за вештачко оплодување. Врската помеѓу жената и родителите станала исклучително силна затоа што тие сметале дека нивниот син сигурно би одбрал некоја девојка како неа, па побарале целиот случај да добие и судска разрешница.

zena-mrtvo-maz-01Судот не се противел на договорот и пред 10 месеци жената ги известила родителите на починатиот маж дека е бремена, а раѓањето на детето сега претставува исклучително среќен момент во животот на родителите кои што пред шест години го изгубиле својот син. Мајката на детето во својот дом чува фотографија од починатиот човек и како што изјавила, со присуството на бабата и дедото, нејзиното дете ќе расте во одлични услови.

Правните битки да се признаат слични “последни желби” во Израел траат и по неколку децении, а случај кој го привлече вниманието на јавноста е и оној кога пред две години сурогат мајка му родила дете на човекот чија што сопруга починала. Во последните неколку години, 100 лица заболени од фатална болест потпишале вакви документи. Во моментов во Израел се бремени уште две жени кои што затруднеле по пат на вештачко оплодување со сперма на мажи кои веќе со години се мртви. Според дел од експертите, сето тоа претставува добра вест за оние кои што сакаат да станат родители, а немаат партнер

Tocka

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1