Родила 2 пати во 7 месеци


majka 2 pati ragja

Додека го држела во раце своето бебе старо само седум недели, Леа Баверсток само што почнала да се навикнува на идејата дека веќе е мајка. Таа постојано била исцрпена, но мислела дека тоа е нормално. Но Леа била веќе две недели бремена и  го родила бебето само седум месеци и шест дена по нејзиното прво породување.

“Не можев да поверувам кога дознав дека сум забременила само пет недели откако го родив Адам. Прво помислив – О, не – не повторно. Бев навистина во шок некое време. Но, тоа бебенце почна да расте во мене.”

Кога таткото на Адам дознал дека Леа е бремена, тој ја оставил. Леа потоа нашла нов дечко кој се согласил да му биде татко на детето иако не било негово. Но, многу наскоро ја забременил Леа со второ дете.

“Ова што ми се случи беше далеку од тоа како го замислував семејниот живот. Но ја заборавив сета тага кога не пуштија дома со ќерката Лејси, по три месечната нега во болницата. Тешко е, но имам голема помош од мајка ми.”

Adam-John Pearson-1556340

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1