Вработена во штедилница зела кредит на име на клиент


pariПолицијата од Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Ч.(58) од Богданци вработена и полномошник на Штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје-Филијала Гевгелија за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

Во јуни 2012 година, пријавената во име на Љ.Ѓ. од Богданци, без негова согласност склучила договор за долгорочен потрошувачки кредит во износ од 115.000 денари со Штедилницата „Интер Фалко“ и се потпишала во негово име, а потоа парите ги присвоила за себе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1