Родители АЛАРМ: Промени во расположението кај детето може да e и интернет зависност


Промени во расположението и изолацијата се знаци на интернет зависност. Проблемот најчесто ги погодува оние помладите, но не се имуни ни постарите, а се манифестира во потребата секој ден да се „дреме“ на интернет, по неколку часа и да се изолира од надворешниот, вистински свет.

computer-childДури до 38 проценти од луѓето денес се вистински зависници од интернет, а основниот знак е постојана потреба за проверување на друштвените мрежи, меилот, и разните портали, како и анксиозност и незадоволство ако таа потреба не може да се оствари, покажало истражувањето на американскиот Универзитет „Кентаки“. Проблемот е најзастапен кај помладите возрасни групи, кои практични пораснале со интернетот и неговиот развој.

Според психолозите, карактеристични симптоми се промената во расположението, невозможност на контролирање на времето кое се поминува на интернет, изолирање и избегнување на друштвото како и затворање во „четири ѕида“, отфрување на друштвениот живот и општа преокупација со компјутерите и смартфоните.

Американското здружение на педијатри неодамна издаде водич за родителите со упатсва за користење на интернет кај децата.

_41725936_computer_boy203

Во него се поттикнуваат родителите да ги учат адосцелентите умерено да користат интернет, но и охрабрување на други активности надвор од дома, како спортот и дружење со пријателите. Поради сè почестите проблеми за интернет зависност се основаат сè повеќе установи за лекување на тој проблем, особено во Азија.

„Неодамна ме повика мајка на едно дете кое постојано барало „Ајпод“, и во моментите кога таа би му го земала, тоа било хистерично. Секој ден по најмалку три-четири часа поминувало на интернет и покажувало значајни промени во расположението. Таквата состојба бара помош и нема да се реши само од себе“, вели еден од водителите на британскиот програм за одвикнување од интернет зависност, д-р Ричард Грахам.

Тој додава дека целта не е потполно избегнување на интернетот, туку негово разумно користење кој не го попречува секојдневниот живот, потребите и меѓучовечките односи.

Sarma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1