Сите градат – никој не купува: 5.000 нови стана зјаат празни во Скопје


Повеќе од 5.000 новоизградени стана само во Скопје стојат празни. Во услови на најави за поевтинување на станбениот квадрат, подолго стагнира продажбата, а дел од инвеститорите не успеваат да го продадат изграденото. Намалената побарувачка најмногу се должи на кризата.

stedi za stan Ако пред пет години луѓето купуваа станови за да ги издаваат и да прават бизнис, сега се купува само за да се реши животното станбено прашање. Дел од невселените станови, а кои не можат да се продадат, се земени од банките како залог за невратените кредити.

Градежниците потврдуваат дека клучна причина за застој на пазарот на недвижности е трендот на пад на цените, кој почна годинава. Но, според дел од нив, становите наместо да поевтинат, треба да поскапат и  дека ако треба да ги спуштат цените, ќе бидат принудени да го намалат квалитетот на градежните материјали.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1