Родители ја казниле ќерката со јавно понижување


Родители ја казниле 13-годишната ќерка со јавно бламирање, но не се надевале дека вниманието на јавноста ќе го свртат и на себе, па и самите почуствувале малку од туѓите осуди.

kaznaЗагрижен поради се поголемото искажувањеи на непочитување од страна на својата 13-годишна ќерка, Гентри и Рене Никел од Флорида, одлучиле нејзината казна да биде јавна и понижувачка.

Во сабота, тинејџерката (чие има не е објавено) помина 90 минути на прометната крстосница со натпис во рацете на кој пишуаше:

– Јас сум самостојна тинејџерка која не ги почитува постарите.
Многу сум паметна, но сепак имам три единици затоа што не ми е гајле.

Мотоциклист кој поминувал тука, го видел девојчето како стои со татко и на крстосницата, ги сликал и ги поставил фотографиите на Фејсбук. Некој повикал полиција, која се појавила, поразговарала со девојчето и заминала после заклучокот  дека таа „е свесна за својата казна и дека е безбедна“.

Поради тоа, меѓутоа и родителите почуствуваа малку јавно понижување.

– Не размислуваме за тоа што јавноста ќе мисли, рече нејзината мајка Рене.

– Само дојдовме до точката кога веќе не знаевме што да правиме, објаснува таа зошто се одлучиле токму за тој вид казна.

– На крајот, ме прегрна пред полицијата и ми рече дека и е жал, рече нејзиниот татко Гентри, кој цело време колку што траеше казната, стоеше покрај ќерката на крстосницата. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1