Родители стравуваат за својот живот: Нашиот 7 годишен син сака да нè убие


Ким и Рајан го посвоиле Рајлан (7) кога бил бебе. Неговата биолошка мајка била наркоманка, зависна од кристален мет и боледувала од биполарно пореметување исто како и неговиот биолошки татко.

Денес тие стравуваат дека Рајлан, кој во меѓувреме развил екстремно агресивно однесување, би можел да ги убие.

Ким, која покрај Рајлан има три биолошки деца, истакнува дека многу рано забележала дека Рајлан не се развива како што би требало. Како што вели, кога имал само 18 месеци, Рајлан знаел намерно да го задржува здивот сè додека не се онесвести, пишува Daily Mail.05-rylan-ubiec-6566jkhhf

Кога имал три години без помош забодувал нож во лубеница и станувал сè поагресивен. Ким истакнала дека Рајлан и` признал дека има имагинарен пријател Џелат, кој му велел дека треба целото семејство да го избоде со нож.

„Честопати детално ми објаснува како би сакал да земе нож, да го подигне високо над главата, а потоа да го зарие во моите гради“, раскажала уплашената мајка.

Според нејзините зборови, кога Рајлан имал само шест години се заклучил сам во бањата, го зел жилетот од неговиот постар брат и си ги исекол прстите затоа што „Џелатот му рекол дека сака тоа да го направи за да види крв и да почувствува болка“.01-5_Rylan_from_a_meth_-984464

Неговите татко и мајка сега живеат во константен страв дека нивниот посвоен син навистина би можел да ги повреди. „Најмногу се плашам дека Рајлан ќе израсне во сериски или масовен убиец“, раскажала загрижената Ким.

Тие се обиделе со различни видови на лечење, но не вродиле со плод. Од петтата до седмата година од неговиот живот, Рајлан поминал 25 месеци по болници, а лекарите истакнале дека неговата можна дијагноза е биполарно пореметување.

Според зборовите на уплашените родители, ова семејство не поминало ни еден обичен ден во изминатите три години.02-rylan-5g5r-h58_1426021203283

Кога сосема ќе ја изгубел контролата, единствено решение било „терапевтска прегратка“ која можела да трае и до еден час.

Неговите родители повеќе пати наоѓале скриени остри предмети како жилет, ножеви и вилушки. „Навистина се грижам дека Рајлан би можел некого да убие“, рекла мајката.

Точка.ком.мк

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1