Родители внимавајте! Ако децата ви се на Фејсбук видете го ова видео


Коби Персин, најпознат по неговите поучни видеа на Јутјуб, во договор со неколку родители, на социјалните мрежи лажно се претстави пред мали девојчиња, а нивните реакции кај многумина ќе предизвикаат уште поголемо внимание кон своите деца.kobi.jpg500

Тој на Фејсбук искомуницирал со три девојчиња од кои ниту една не била полнолетна. Направил лажен профил и по неколку дена успеал да ги договори да излезат.

Иако тие состаноци вклучуваат средба во парк или состанок во домот кај едно од девојчињата, тие на тоа се согласиле без размислување. Третото девојче без никакво прашање среде ноќ влегла во непознато комбе.

Покрај Коби таму ги дочекале и нивните родители и на лице место им објасниле што всушност се случило и она што можело да се случи.

На овој начин ширум светот секојдневно исчезнуваат илјадници луѓе, а и овие девојчиња беа само на чекор од тоа никогаш повеќе да не ги видат своите родители и да станат само тажна статистика.

Друштвените мрежи се одлична работа доколку сте доволно зрели и знаете како да ги користите. Но доколку имате дете, добро поразговарајте со него. Можете да започнете со ова видео.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1