Родители внимавајте: Овчи сипаници и вошки се шират во градинките во Македонија


Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека во септември кај нив биле пријавени 88 случаи на болни од варичела. Во октомври бројот на заболени пораснал на 196. Обично во овој период на годината има повеќе болни зашто децата се мешаат во градинките и во училиштата пишува Нова Македонија

sipaniciОвчи сипаници или варичела се шири главно меѓу децата што одат во градинка. Ги поминуваат едно по едно. Во текот на октомври повеќе од двојно се зголемил бројот на дечиња што ги прележуваат сипаниците, во споредба со еден месец претходно. Инфектолозите очекуваат бројот на заразени и понатаму да расте.

Во Македонија не се вакцинира против варичела, а како што објаснуваат лекарите, добро е да се прележи на помлада возраст и потоа да бидеш заштитен. Сипаниците лесно се пренесуваат и кога немаат симптоми, а може да направат компликации, па затоа и не треба да се занемарува болеста. Паралелно со сипаници, во некои градинки и училишта се шират и вошки.

Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека во септември кај нив било пријавено за 88 случаи на болни од варичела.

Во октомври бројот на заболени пораснал на 196. Обично во овој период на годината има повеќе болни зашто децата се мешаат во градинките и во училиштата. Во центарот нема пријавено дека одеднаш во некоја градинка се разболеле повеќето од децата.

voski

Од Центарот за јавно здравје информираат и дека едно училиште во општината Чаир пријавило зголемен број на ученици што имале вошки.

Се пренесува и кога не знаеш дека си болен

Од заразување со варичела до појавата на првите симптоми на болеста поминуваат од 14 до 18 дена. Тогаш детето или болниот се заразни и ја шират инфекцијата. Сипаниците се лекуваат околу две недели, но се препорачува по исчезнувањето на сите знаци на болеста болниот да седи дома уште една недела, бидејќи оваа болест го намалува имунитетот и лесно може да се разболи од друга болест.

sipanici varicela-3За оваа болест терапијата е симптоматска. Плускавците не треба да се чешаат, за да не останат белези на кожата. Може да се користи течна пудра, која го намалува јадежот.

Децата со варичела задолжително да се однесат на лекар, да останат дома и да не се мешаат со други деца. Домовите треба често да се проветруваат.

Овчата сипаница се шири преку капкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице. Најчесто се шири во колективни установи на живеење, јасли, градинки, училишта, претшколски институции. Токму ова е најчестата популација што ја зафаќа ова заболување.

Повеќе на – Нова Македонија 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1