Италијанската економска полиција заплени над 170 милиони шарени ластичиња за детска коса во вкупна вредност од 10 милиони евра, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Заплената е извршена во провинциите Падова, Венеција и Тревизо, во северниот дел на земјата. Кинез на 27-годишна возраст, што ги увезувал ластичињата, е уапсен.
При анализа на ластичињата е утврдено дека содржат супстанци штетни за здравјето на децата. Токсичните материи ги надминуваат до 100 пати дозволените норми.
Правењето нараквици, ланчиња, прстени и други предмети од разни шарени ластичиња во Европа изминатиот период е вистински хит.