Родителите на дебелите деца во Порторико ќе плаќаат парични казни во износ и до 800 долари.
Целта на оваа одлука е подобрување на здравјето кај децата и приморување на родителите да се грижат за семејното здравје.
Доколку оваа одлука се прифати, наставниците на јавните училишта ќе имаат задача потенцијално дебелите деца да ги упатат кај советник или социјален работник.
Претставници на здравственото одделение потоа ќе се сретнат со родителите и ќе одлучат дали дебелината на детето е поради лошата исхрана или поради здравствената состојба.
Исто така ќе се одредат диети и програми за вежбање на кои учесниците ќе мора да се придржуваат.