Нас никој официјално не не контактирал за да не информира во врска со пронајдениот труп во водите на Егејското Море….ништо не знаеме, освен она што го слушнавме од медиумите, затоа ја отфрламе можноста дека станува збор за нашата Дениса” – ова, синоќа, за Сител, телефонски го изјави таткото на исчезнатата девојка.
Тој денеска не одговaрал на телефонските повици. Дали се промени нешто во неговите сознанија, засега останува тајна.
Познаници на семејството, неофицијално ни изјавија дека родителите на Дениса, најверојатно се во Скопје, или, на Родос, со цел утврдување на ДНК-та на жртвата.Тие посочуваат дека и во изминатите 25 дена од исчезнувањето на девојката, никој официјално не контактирал со родителите, Што за нив е многу чудно и затоа се соменваат дека можеби ова ќе е единствениот начин конечно да се затвори случајот, за кој, инаку, се крена многу прашина, не само во земјава, туку и надвор од неа.
Од разбирливи причини, не сакајќи да зборуваат во камера, тие зад камерите уште еднаш ни потврдија истата приказната од родителите дека Дениса не била тип на човек кој би кренал рака на себе, а и по двегодишната работа на брод, не сакаат да поверуваат дека Дениса се удавила од невнимание.
Како и да е, засега мистеријата останува, барем се до моментот додека и официјално не се обелоденат резулатите од ДНК – анализите.
Инаку, и прилепчани се шокирани од веста дека пронајдениот труп можно е да е од несреќната Дениса.Според нив, работата по бродовите, особено за жените е темпирана бомба која не се знае каде и кога ќе експлодира.