Родителите на Србинот што се запали себе и полицајците: Ги запали зашто два пати му ја собраа колата!


-Тие постојано му го собираа автомобилот, но се уште не знаеме што го натера нашиот син да се запали себе и да ги запали полициските службеници, раскажуваат родителите на Предраг Лејиќ од Ресник.

Возачот Предраг Лејиќ од Ресник и полицајците Миорад Дејановиќ и Горан Ковачевиќ кој завчера настрадаа деновиве се опоравуваат од изгорениците. Тие се надвор од животна опасност, а Ковачевиќ вчера е пуштен на домашно лекување.

Родителите на Предраг биле шокирани кога слушнале што направил нивниот син.predrag

-Сигурно бил изреволтиран бидејќи два пати во еден ден му го собрале автомобилот, вели мајката Славка Лејиќ.

Изгореници по лицето и рацете

Таа вели дека нејзиниот син работи во приватна фирма како заварувач и дека во средата заминал на работа. Кога видела дека тој не се вратил од работа дома се загрижила. Но, за инцидентот дознала од вестите.

-Што да ви кажам. Треба да одговара за тоа што го направи. Жал ми е за полицајците, бидејќи тие се обиделе да му помогнат и на крај настрадале, додава таа за Курир-инфо.рс.staro-sajmiste-parking-servis-1423685534-616157

Славка изјавила дека била во болница да го посети синот при тоа додавајќи дека тешки изгореници има по лицето и рацете.

-Синоќа не посети полицијата и изврши претрес во собата на Предраг. Тие се сомневаа дека тој користи дрога, но освен осумте казни од “Паркинг сервир” не најдоа ништо друго, додала таа.

Го убил комшијата, па десет години поминал во затвор

Предраг бил осуден и поминал 10 години во затвор поради убиство.

-Тој го уби соседот во самоодбрана. Кога се случил инцидентот немал ни 18 години, вели таткото, при тоа потсетувајќи се дека соседот го малтретирал нивниот син со години.

-Треба да одговара за стореното, но најважно ни е да оздраве и да биде добар, додал таткото Слободан.

Хронологија

-Предраг во средата попладне пристигнал во СТаро сајмиште

-Ја пробил рампата и побегнал

-Повторно се паркирал непрописно и повторно му го земале автомобилот

-Се вратил на паркингот со два литра бензин и се полеал себе и полицајците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1