Родителите на убиените момчиња на Смиљковско Езеро: Али Ахмети знае се и молчи


Родителите на четирите момчиња од Радишани кои беа убиени на 12 април 2012 година на Смиљковско Езеро велат дека нивните деца се убиени за пет пари. Обвинуваат дека нивните деца биле жртви на политички интереси, пишува Фокус.

Пред две и пол години Македонија беше во шок од велигденскиот масакр кај Смиљковско езеро. Четирите момчиња Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Филип Славковски, како и рибарот Борче Стевковски, беа брутално ликвидирани.

ubieni smiljkovsko ezero

Обвинетите за грозоморниот злостор Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута добија доживотен затвор, но родителите во шокантно сведоштво за последниот број на неделникот „Фокус“ тврдат дека на слобода се уште се шетаат неколкумина врз чии раце се наоѓа крвта на нивните деца.

Тие се сомневаат дека некој во случајот „Монструм“ има статус на „заштитена мечка“.

– Лично сметам дека Али Ахмети знае се и молчи. Знаеме и дека скриените телефонски броеви кои што се наведуваат во пресудата, а преку кои осудените разменувале телефонски пораки, се од луѓе од владејачката коалиција – велат за „Фокус“ родителите на убиените Александар и Филип.

smilkovskoТие прашуваат кој е Али Ахмети да бара во целиот судски случај да се вклучи ФБИ.

– Зарем ние немаме институции. Нелогично е Ахмети да плука по сите македонски институции, да нема верба во нив, а од друга страна да уживаа во привилегиите што произлегуваат од тие институции. Али Ахмети продава ветер и магла. И она што премиерот Груевски дополнително го изјави дека Апелација може да одлучи дали да дојде ФБИ, е исто така, продавање магла – велат родителите.

Тие велат дека се подготвени да ги изнесат во јавноста сите работи.

– Ние повеќе не можеме да молчиме и допрва ќе кажеме се што знаеме – вели еден од родителите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1