Родителите пет месеци молчеле дека им исчезнале децата


Родителите на трите малолетнички што четири месеци биле принудувани на проституција и чувани во куќа во Шуто Оризари може да добијат кривични пријави оти не го пријавиле нивното исчезнување, велат од МВР. Kако што вчера информираа од полицијата, браќата Андријас Реџепов (18) и Атиљан Реџепов (21) од Скопје се осомничени дека ги држеле под клуч девојчињата и ги терале да се проституираат. Против нив се поднесени кривични пријави за детска проституција, а судија им одредил притвор во траење од по 30 дена.
siluvanje500
– Разговараме и со родителите на девојчињата, односно зошто не го пријавиле нивното исчезнување, иако во овој момент очигледно е дека станува збор за дисфункционално семејство. Но, ќе ги чекаме насоките од јавниот обвинител дали, кога и во која форма треба да биде процесуирана пријавата и против нивните родители. Девојчињата досега не посочиле конкретен идентитет на лицата со кои имале сексуални односи, а не е пронајден и некаков материјал или евентуално список со клиенти – изјави помошник-министерот во МВР, Иво Kотевски.

Според полицијата, браќата ги врбувале девојчињата во јуни годинава, кога почнале со нивно измачување. Тие ги ставиле малолетничките, на возраст од 14 до 16 години, сите од Скопје, во куќа на свој вујко во Шуто Оризари. Тој бил гастарбајтер во Германија и не знаел дека неговиот дом го користат за проституција. Таму ги носеле клиентите за сексуални услуги, за што наплаќале од 300 до 2.000 денари. Во зависност од желбите на клиентите, браќата ги носеле девојчињата и во мотели, каде што им давале сексуални услуги на повеќе лица во една ноќ, по што ги враќале во куќата во Шуто Оризари, каде што ги држеле затворени. За да се знае дека девојчињата работат за нив, насилно им ги истетовирале сопствените имиња на рацете. Kога малолетничките ќе одбиеле да даваат сексуални услуги, браќата ги тепале и психички ги малтретирале.detska-prostitucija-500

Ропството на девојчињата траело до петокот, кога две од нив успеале да искористат шанса и да избегаат од куќата, по што случајот го пријавиле во полиција. По консултација со Обвинителството, полициски службеници влегле во куќата, каде што го нашле третото девојче, но браќата не биле таму. Осомничените сфатиле дека ќе бидат откриени, па се обиделе да се скријат, но „алфите“ завчера вечерта ги пронашле и уапсиле.

Од МВР велат дека браќата досега добиле 13 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад и тепачка, а против нив од 2011 година досега се поднесени вкупно 21 кривична пријава за дела проследени со насилство, крвни и имотни деликти.

Dnevnik.,l

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1